(Видео) Заев со мотор пристигна на форумот во Делфи

t

Поранешниот претседател на Влада и поранешен претседател на СДСМ, Зоран Заев со својот мотор пристигнал на „Делфи форумот“ во Грција, кој започна од средата и ќе трае до утре.

Заев бил во придружба со поранешниот министер за здравсто Венко Филипче, кој е голем пријател со поранешниот премиер.

Во разговор за грчкиот интернет портал Вориа , Заев објаснил дека патувањето му почнало на 22 април од Скопје. Од таму тој со моторот возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал и за Пелопонез.

На прашањето на грчкиот портал, дали за време на посетите на Грција се среќава со луѓе кои се уште се против Договорот од Преспа, тој рекол дека „многу Грци му велат дека гледаат позитивно на Договорот, додека други му велат не им се допаѓа Договорот, но ми се допаѓате вие, затоа што сте добар човек“, пишува „Вориа“.

Заев како што е познато е голем љубител на моторите и четирициклите. Тој додека беше премиер често пати се појавуваше на мотор, заедно со неговите претходни колеги министри од владата, меѓу кои Филипче, Никола Димитров и Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден е малолетник од Велешта, со…

МВР информира дека вчера во 13.30 часот…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…