(Видео) Значителен број на летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени: Гасење пожари, транспорт на болни до установи, потраги…
Во 2022 Одделот за воздухопловни единици има реализирано значителен број на летови од страна на Хеликоптерска единица за полициски намени, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливе Спасовски.
Спроведени се:
– Потраги и спасување по исчезнати лица – 36 летови
– Транспорт на болни до медицински установи – 5 летови
– Противпожарни летови – 230 летови
Воедно, за потребите на полицијата извршени се 652 летови, како и 212 летови за обуки и проверки, 224 летови за тренажа и 12 летови за оддржување.
Хеликоптерската единица за полициски намени, во рамки на МВР постои од 1969 година и е опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“. Катастрофалните пожари од 2021 година беа сигнал за МВР да набави најсовремена опрема. Притоа, како раководство на МВР и на Одделот за воздухопловни единици, ги препознавме овие потреби на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот.
Така, со посебно задоволство би напоменал дека за Хеликоптерот „Бел 212“, обезбедивме најсовремена опрема, оспособен за гаснење на пожари – едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“. А, успешно е завршена и меѓународна обука од словенечката полиција и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари, за сите пилоти од Хеликоптерската единица за полициски намени
МВР е сервис на граѓаните во сите сегменти на полициското работење, а заштитата и безбедноста на граѓаните останува наш врвен приоритет. Продолжуваме и во 2023! – напиша Спасовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…