Објавено на:

(Видео) Индиец ги посрамоти канадските „снегулки“: Ние не сме бели националисти, се бориме за слобода – Tрудо се крие на непозната локација

t

Иако во нормален свет ова би било карактеризирано со сатира и потсмев, можеби не е никакво изненадување што вината за поттикнувањето на „Конвојот на слободата“ во Канда кој го сочинуваат околу 50 илјади камиончи веќе им се препишува на таканаречените „руски актери“…

„… со оглед на поддршката на Канада за Украина… не знам дали е чудно да се праша, но постои загриженост дека руските актери би можеле да продолжат да ги поттикнуваат вакви дејствија додека овој протест расте… можеби дури и да го поттикнуваат…“

Се чини дека пропагандата допре до некои, но не и до други… Па така еден од контрапротестантите доби „вербален нокаут“ од Индиец кој порача дека кои протестираат не се бели националисти, туку се борат за слобода и против задолжителна вакцинација.

Најголемиот светски конвој со камиони влета во главниот град на Канада, Отава, во петокот доцна навечер и продолжува денеска да организира протести против задолжителната вакцинација која ја спроведува Џастин Трудо кој се сокри на непозната локација надвор од Отава.

Таканаречениот „Конвој на слободата“ – кој го поддржаа од сите страни на Канада, па дури и од САД, патува цела недела и ги предводи масовни демонстрации против тиранијата на владата. Камионџии од целиот свет се обединуваат и организираат свои протести.

Парламентарната тајна служба очекува околу 10.000 демонстранти овој викенд во Отава, но таа бројка може да биде значително поголема. Пред еден ден, снимени се 50.000 камиони во конвој долг 70 километри (43,5 милји) како се упатуваат кон главниот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ…

Пејачот Никола Роквиќ пешачи на 17. ден…

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински…

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското…

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна…

Израелските демонстранти го блокираа главниот автопат во…

Израелските демонстранти, вклучително и семејствата на израелските…

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на…

Премиерот на Косово, Аљбин Курти денеска изјави…