(Видео) И брат да им е ќе одговара ама не и брат на градоначалникот: Братот на градоначалникот на Гази Баба „лета“ по булевар во Скопје снимен е на радар, но не е казнет
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска обвини дека со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски царува неказнивоста и безредие. Според нејзините зборови на денешната прес-конференција, на 20-ти април месецов на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата на радар фатила возило марка „мини-купер“ кое се движело со преголема брзина. Станува збор за автомобил на Далибор Стефковски, брат на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Среде Скопје, братот на градоначалникот „летал“ со 87 км на час иако дозволена брзина е 50. Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот колку вози Стефковски среде Скопје, рече Кузеска на прес-конференција и го објави видеото. Таа обвини дека се штитат прекршителите само затоа што се од ВМРО-ДПМНЕ и дека нема одговорност за братот на градоначалникот.
Според Кузеска, казната е издадена на лице со иницијали С.Ј. според документацијата од свиркачите.
-Сообраќајќи има на секој чекор. Наместо да обезбедат почитување на законот, ги штитат прекршителите само затоа што се функционери од ДПМНЕ. „Брат да ми е, ќе одговара“ е најголемата лага која ја кажа Тошковски. Ако за брат на функционер нема одговорност, што да очекуваат граѓаните кога сттанува збор за повисоките функционери, праша портпаролката на СДСМ.
Побара одговорност од министерот за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…