(Видео) И Спасовски си заминува?

t

Го најавува ли своето заминување и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од актуелната функција прв полицаец. Тој во вчерашниот магазин на ТВ21 Клик плус рече дека ќе замине од потпретседателката функција во СДСМ, а со тоа многу е веројатно дека нема да биде ниту во новиот владин кабинет. Сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим на СДСМ, изборот ќе го направи самиот Ковачевски, рече Спасовски.

„Тој избор сепак треба да го направи од можеби нови луѓе, затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим. Сепак треба можеби други луѓе, нови луѓе. Кога зборуваме за нови луѓе не мислам за луѓе кои што не растеле, не се граделе низ структурите на партијата, луѓе кои што имаат може и повеќе енергија и една поинаква визија, а ние ќе бидеме секако тука, рамо до рамо да помогнеме“, истакна Оливер Спасовски.

Заминувањата од Владата досега го најавија и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која во мај годинава се откажа и од партиските функции, потоа министерот за здравство Венко Филипче, за образование Мила Царовска, а се погласни се најавите дека во новиот кабинет или нема да бидат или ќе ротираат на други позиции и другите министри кои се од редовите на СДСМ. Но ако се познати тие што заминуваат, многу малку протекуваат информации за тоа кој ќе ги наследи.

За министерот за правда Бојан Маричиќ се погласни се најавите дека ќе биде вицепремиер за европски прашања на местото на Никола Димитров, за кого се тврди дека ќе биде амбасадор. Во јавноста постојат шпекулации дека на министерската позиција во транспорт и врски можно е да седне екс скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Во министерството за земјоделството доаѓа заменикот Трајан Димковски. Најверојатно својата позиција ќе ја задржи Фатмир Битиќи како вицепремиер за економски прашања но и Горан Милевски во локална самоуправа, а во новиот владин кабинет ќе бидат и кадри на Алтернатива.

Новиот мандатар Ковачевски покрај за новиот владин состав ќе треба да се сврти и кон комплетирање на партиските тела. Спасовски вели дека СДСМ не е премногу ослабена партија, но дека сепак и требаат промени.

„Ако погледнеме и низ призмата на резултатите од локалните избори не гледам јас дека таа е премногу ослабната, како структура, како партија. Меѓутоа дали треба нешто да се поправи таму, во целата таа структура – Да. Дали треба нешто да се смени на подобро во начинот на делувањето, дали можеби треба да се смени нешто во политиките и така натаму кои што ги спроведуваме, секако дека Да“, вели Спасовски.

Засега целата партиска реорганизација се држи во голема тајност, не е познато ниту кои ќе бидат заменици на претседателот, но неофицијално се вели дека во партиските структури се враќа Игор Ивановски Шема кој досега не беше партиски активен. Воедно беше речено и дека ќе се преземе се за да се врати и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…

(Видео) ДПМНЕ од нашата земја: Заменик министерката…

Заменик-министерката за финансии во техничката Влада, Елена…