(Видео) Ковачевски најави нов закон за плати на функционерите: Многу пати сум донирал плата, но не се фалам
Владата ќе изработи нов закон за плати на функционерите за да постои конзистентност во платата на функционерите, соопшти денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.
-Владата работи на изработка, заедно со синдкатите на нов општ колективен договор кој ќе ги регулира платите на работниците. Во моментов и минималната и просечната плата, во она што е надлежност на Владата, е на највисоко ниво досега и ние ќе рбаотиме и понатаму на погобрување на животниот стандард на граѓаните, објасни Ковачевски.
Премиерот објасни дека не може да се дозволи пратеници во Собранието да земаат поголема плата од некои вработени во приватниот сектор, но дека одлуката на Уставниот суд е конечна.
Ковачевски посочи дека многу пати досега има донирано дел од неговата плата, а има и многу благодарници за донации како физичко лице и како претставник нправно лице, но никогаш со тоа не правел ПР и не се фалел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…
Со 69 гласа изгласани се новите министри…
Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…
Државите не ги менуваат своите судбини преку…