(Видео) Ковачевски: Создадовме мотивирана и задоволна полиција која работи во интерес на граѓаните и државата

t

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска беа во посета на полиицската станица Гази Баба.

– Реков дека никој нема да биде оставен сам и тоа се однесува и на полицијата. Ние сме одговорна Влада и располагаме со буџетот одговорно. Токму затоа од 2017 година до сега, реконструирани се вкупно 78 полициски станици низ целата држава. Затоа платите на сите вработени во МВР се зголемени три пати по 5%. Затоа изминативе 5 години набавивме униформи и друга потребна опрема за полицијата во вредност од над 10 милиони евра.

Од полициски службеници доведени во состојба на супстандардни услови, без потребна опрема и униформи, создадовме мотивирана и задоволна полиција која работи во интерес на граѓаните и државата.

Заеднички да продолжиме да создаваме професионална полиција, која обезбедува безбедност и справување со криминалитетот, но и ја враќа довербата на граѓаните во институциите, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…

МВР најави зголемена употреба на дронови за…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…