(Видео) Лошо е кога на права душа пцујат, јас ги спасив сите што можев

t

Столе Боев, член на обезбедување на дискотеката „Пулс“ во Кочани изјави вечерва дека не чувствува вина, бидејќ ги спасил сите оние кои можел, а чуствува голема тага за оние кои не успеал.

„Лошо е кога на права душа пцујат. Јас ги спасив сите што можев и многу ми е криво и мака за тие што не можев тие да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата на починатите. Голем дел од нив се мои пријатели и другари кои на сопствени раце ги извадив. Не знаете на мене како ми е, ама тоа е“, рече Боев.

Тој одговори дека гневот во Кочани не е кон нив, туку напротив се бара правда и за нив.

„Луѓето што протестираат се од кај нас, бараат правда за нас, слобода, ние успеавме се да направиме, јас сум дел од обезбедувањето што успеа да ги извади сите преживеани“, додаде Боев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…