(Видео) Македонските фудбалери им свртеа грб на судиите и ја пееја химната заедно со навивачите пред 31 година, во Брисел

t

Стариот лисец Дончевски ги посоветува играчите за време на интонирањето на „Денес над Македонија се раѓа“ да се свртат кон делот од трибините со македонски навивачи, со развеани македонски знамиња. Така беше испочитувано македонското знаме, без разлика што не беше истакнато од официјалните претставници на натпреварот.

На 16 ноември 1994, Македонија одигра „историски“ натпревар против Белгија најмногу поради политичката предигра на натпреварот во Брисел. Таа 1994 година се биеше тешка дипломатска битка во спорот со Грција. Јужниот сосед ни ги оспоруваше името и знамето, па затоа почетокот на мечот, на барање на делегатот, требаше да мине без нашите државни обележја – знамето и химната. Но, со помош на жешката телефонска линија на претседателот на УЕФА Ленарт Јохансон, под притисок на тогашниот македонски амбасадор во Шведска, Тихомир Илиевски, а најмногу поради непопуштањето на македонскиот селектор Андон Дончевски, беше најдено соломонско решение – да биде интонирана македонската химна, а знамето да не биде истакнато.

Стариот лисец Дончевски ги посоветува играчите за време на интонирањето на „Денес над Македонија се раѓа“ да се свртат кон делот од трибините со македонски навивачи, со развеани македонски знамиња. Така беше испочитувано македонското знаме, без разлика што не беше истакнато од официјалните претставници на натпреварот.

ADVERTISING

На фотографијата и на видеото може да се забележи дека, за разлика од судиите и белгиските репрезентативци кои се свртени кон свечената ложа, македонски играчи вртат грб, а погледите им се насочени кон знамињата со сонцето од Кутлеш додека, заедно со навивачите, ја пејат македонската химна.

„Прет­ход­но се иска­рав со де­ле­га­тот на нат­пре­ва­рот. Му ре­ков или хим­на или зна­ме, ина­ку не игра­ме. Го пра­шав да ми од­го­во­ри, не са­мо на ме­не, ту­ку и на пуб­ли­ка­та на ста­ди­о­нот „Кон­стант Ван­ден Шток“ во Бри­сел, со ко­го игра Бел­ги­ја. Ми од­го­во­ри „со ва­ша­та зем­ја“. Но, јас му ре­ков де­ка ние има­ме име и го пра­шав да­ли го знае. Се збу­ни, а по­доц­на се вра­ти со од­го­вор. Ка­жа де­ка мо­же да се ин­то­ни­ра хим­на­та. Ние се договоривме кога ќе се свири нашата химна сите фудбалери да се свртат кон трибината каде што имаше стотици македонски знамиња. Така и бидна, официјалните лица останаа изненадени од ваквиот наш потег, но ние само сакавме да се испее химната и виори македонското знаме“, изјави по натпреварот Дончевски.

Овој момент дополнително ги мотивира македонските играчи, кои успеаја да се изборат за нерешен резултат, 1-1, откако Зоран Бошковски израмни во 50 минута.

Македонија играше во исклучително тешка група, во која беа тогашниот европски првак Данска, потоа Шпанија со Зубизарета, Гвардиола, Иеро, Гоикочеа, Амависка, Салинас, а Белгија беше предводена од Енцо Шифо, Стеленс, голманот Прудом. Во Брисел го одигравме третиот натпревар од втората квалификациска група за пласман на Евро 1996, по почетното реми во Скопје против Данска (1-1) во септември и поразот од Шпанија на „Градски“ од 0-2 во октомври. Во декември славевме во Скопје против Кипар со 3-0, но поради испалена димна бомба пред делегатот на натпреварот, ФФМ беше казнет и наредната средба на домашен терен ја игравме без публика, што беше една од причините за катастрофалнуиот пораз од Белгија од 0-5.

На крајот на квалификациите бевме четврти, со само 7 бода од 10 натпревари. Победивме единствено против Кипар, ремизиравме со Данска (дома), Белгија, Ерменија и Кипар (на гости).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утрово мирно на граничните премини, нема гужва…

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се…

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД…

Се уште не е позната пресметката за…

Точниот процент за септемвриското усогласување на пензиите…

Германија заостанува со резервите на гас: Студената…

Германија заостанува со полнењето на складиштата за…

Драма во Македонска Каменица: 23-годишна девојка ја…

Девојка вчера била приведена во Македонска Каменица…