(Видео) Мицкоски свитка кичма: Подготвен е да се договори за влез на Бугарите во Уставот!

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека те подготвен да поддржи отворање и интервенции во Уставот кога Европската Унија ќе даде гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека нема да бидеме предмет на дополнително вето од источниот сосед.

,,Кога некој од Европа и од Брисел ќе дојде и ќе даде јасна гаранција пред овој македонски народ и пред граѓаните на Македонија тогаш ќе можеме да седнеме и да разговараме за се.”, рече Мицкоски.

Подготвен сум да разговарам за тргање на условот 20 отсто за употребата на албанскиот јазик од Уставот но само ако разговараме и за бришење на Бадентеровиот принцип но и за балансерот, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали се согласува со условувањето на Алијанса за Албанците а по посетата на општина Аеродром.

„На сите крајна цел ни е влез на Македонија во Европската унија. Но ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи тоа да биде под ултиматум. Ако ги внесеме Бугарите во Уставот дали е тоа гаранција дека тоа ќе се случи со македонскиот народ во Бугарија? Мора да добиеме гаранции дека ова ќе биде последно барање затоа што нема да дозволиме да бидеме цел на уцени и хегемонистички политики”, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

(Видео) Сопственик на златара се обидел да…

Четири милиони денари вреден златен накит, што…

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го…

Советот на јавните обвинители на Република Северна…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Директорот на „Рајанер“ ја нарече Урсула фон…

Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ја…