(Видео) Нападната екипа на ТВ Алсат во Чашка
Утринава пристигна пријава до ЗНМ од страна новинарска екипа на телевизија Алсат која била спречена да ја врши професионално својата работа за време на протестот во општина Чашка пред ОУ „Тодор Јанев“ против воведување паралелка на албански јазик во училиштето.
„Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски пристигнале пред општината, дел од луѓето што протестираат им забраниле пристап и влез во општината и почнале вербално да ги напаѓаат, притоа пробале и физички да ја тргнат камерата, како што се гледа и од видеото објавено на официјалната Фејсбук страната на ТВ Алсат.
„Шо снимаш бе… Симни ја камерата, 100 пати ти рекоа симни ја камерата, прекини!“
На реакција на снимателот Апостолоски кој вели – не сум дома дојден да снимам, еден од протестантите вели: „Па дома ми дојде, мое е ова бе, шо државно бе, само тоа сте научиле, тргни се оттаму ајде“.
Потоа, по кратка недолична конверзација, лицето кое се обидува да го избрка снимателот, влегува во општината и не дозволува да влезе во општината.
Според кажувањето на колегата Тахири, по завршување на инцидентот, тие повторно се обиделе да влезат во општината со цел да земат изјава од градоначалникот, но уште еднаш биле спречени да влезат, овој пат од чуварот во општината.
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара објаснување од страна на општината во врска со спречувањето на новинарската екипа да влезе во јавна установа. Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од критична важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество. Насилството и спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо, не е во сообразност со демократските вредности и придонесува кон цензура“, се вели во реакцијата на ЗНМ и ССНМ.
Видеото погледнете го тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…