Објавено на:

(Видео) НЕМА ДА ИСПРАЌА ПОМОШ ВО УКРАИНА, А ИСЛАМОТ ГО ПРЕЗИРА! Кој е Герт Вилдерс, новиот премиер на Холандија?

t

Антиисламскиот популист Герт Вилдерс освои најмногу гласови на парламентарните избори во Холандија. По 25 години во Парламентот, неговата Партија на слободата треба да освои 37 пратенички места, што е многу повеќе од второпласираниот противник.

Неговата победа силно ја потресе политиката во Холандија. По неговата очекувана победа, многумина се прашуваа кој е навистина Герт Вилдерс?

Герт, екстремен десничар, е познат по својата руса коса и агресивната антиисламистичка и антиимиграциска политика.

Поради своите ставови во предизборната кампања цело време беше во центарот на вниманието и токму тоа сакаше да го постигне.

Поради опишување на исламот како „идеологија на ретардирана култура“ и нарекувајќи ги Мароканците „ѓубриња“, многумина го споредија со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Причината за тоа е неговата запалива реторика, како и користењето на социјалните мрежи за да ги искаже своите контроверзни ставови.

Кој е Герт Вилдерс?
Герт е роден во 1963 година во Венло, град во близина на границата со Германија. Тој израснал во католичко семејство со неговите родители, две сестри и брат.

Тој влезе во политиката како член на Народната партија, но ја напушти таа партија поради нејзиниот мек став кон исламот и миграцијата.

После тоа, во 2004 година, тој ја основа Партијата на слободата (ПВВ), а во срцето на неговата политика беше антиисламската политика. Тој објасни дека неговиот презир кон исламот бил поттикнат од убиството на радикалниот исламофоб и филмски режисер Тео ван Гог во 2004 година, како и неговиот престој во кибуци во Израел, пишува Гардијан.

Иако е политичар кој знае за медиумите, се чини дека по појавата на помладите десничарски партии во Холандија, донекаде падна во заборав.

Но, постојаното присуство на Вилдерс во холандската политика, како и сè пожестоката дебата за имиграцијата во Холандија, се чини дека конечно ја погодија пошироката група гласачи.

Како и другите лидери на екстремната десница во Европа, Вилдерс го пофали владеењето на Владимир Путин, спротивставувајќи се на, како што рече, „хистерична русофобија“ во Европа.

Четири години откако Русија го анектираше полуостровот Крим, Вилдерс отпатува за Москва и се состана со високи руски претставници во Државната дума. Патувањето беше остро осудено од роднините на холандските жртви од соборувањето на летот MH17, кои го обвинија за игнорирање на вмешаноста на Москва во катастрофата.

Од руската инвазија на Украина, Вилдерс донекаде се огради од Кремљ, нарекувајќи ја инвазијата грешка.

Сепак, се чини дека нема да ја има истата политика кон Украина како неговиот претходник Марк Руте кој се залагаше Холандија да испрати воени авиони во Киев.

Во една од последните дебати пред изборите, Герт рече дека нема да се залага за дополнително испраќање воена помош за Украина.

Како ќе се снајде на новата функција и со која од партиите ќе коалицира, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Наместо подобри позиции за ЕУ како…

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата…

Раст на смртноста во Македонија: Најчести причини…

Бројот на починати во државата во изминатата…

(Видео) Надреални сцени од Белата куќа, Трамп…

Неколку играчи на Јувентус, заедно со тренерот…

(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…

Ова е објава за читање за сите…