Објавено на:

(Видео) Нова драма во Загреб, Франција со гол од центар во последната секунда го победи Египет 

t

Второ четвртфинале во Загреб денеска и втора драма, овојпат Франција го победи Египет со гол во последните делови од секундата, конечниот резултат беше 34-33.

Неверојатен крај на мечот кој го водеа македонските судии Начевски и Николов. Франција беше сериозен фаворит во мечот со Египет но победи на луд начин.

Египет се покажа како тврд противник, дури и повеќе од тоа, можеше да направи сензација, но на крајот сепак го положи оржијето.

Франција во финишот од првото полувреме дојде до навидук висока предност, на одморот заминаа со 18-14. А во вториот дел во два наврати имаа и водство од по пет разлика.

Но сето тоа беше стопено од страна на упорните ракометари на Египет. Дојдоа до егал во финишот, но Лука Карабатиќ не дозволи продолженија, шутна од центарот и погоди. Начевски и Николов гледаа дали топката навреме влезе во голот. Погодокот беше признаен, па радоста на Французите можеше да почне.

Мем и Ремили со по шест голови беа најефикасни кај Франција, Хесем реализираше осумпати за Египет.

Франција во полуфиналето од Светското првенство ќе игра против Хрватска која претходно исто така во епска завршница ја совлада Унгарија со 31-30.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…

Марин Ле Пен профитира од хаосот на…

Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…