(Видео) Нова песна и спот на ПКМ – “Real GUN”

t

Раперот ПКМ ( Пупе Кељавиот од Мичурин), вчера на својот YouTube канал промовираше нова песна и видео запис со наслов PKM – ,, Real GUN “.

Тврди рими каде се спомнуваат легендарните пионери на македонскиот рап и рап групи и артисти од светот проткаени со препознатливиот стил на ПКМ.

Песната е снимана во Ошав продукција, музиката е на МАЦ АД, додека миксот и мастерингот се на МАЦ АД и ТЕЦ.

Видеото го изработи Иван Солунчев – С.Б. Студио Скај Камера, снимано на повеќе локации низ Скопје и Мичурин, а интересно е тоа што во него се појавуваат најеминентните рапери од Македонија.

Пионерите во рапот Деко Лудиот стил и Маријачи од Клан Исток, Аго и Тец од The Most Wanted, Ицко од Чиста Околина, Диџеј Гоце од САФ, Пука Козметика, Страјк и Л.Д. Пистолеро, Туте, Кацар, Кемп ОД, Кец, Видо, Нож и милениците на младата генерација Зи Бомб, најмладиот MC Јан и многу други луѓе од Мичурин и Аеродром и други населби од Скопје.

Погледнете го видеото и слушнете ја песната која го најавува неговиот прв деби соло албум кој треба да излезе наскоро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 загинати во лавина на планина…

Најмалку 11 лица загинаа, а шест се…

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за…

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе се…

Путин повлекува нова црвена линија: Москва ги…

Русија, според извори блиски до Кремљ, кои…

Голем договор меѓу Русија и Кина: Потпишани…

Русија и Кина ќе продолжат да ја…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…

Водата за пиење во Скопје е безбедна…