(Видео) “Падна” европското знаме во Рим: Клучни избори во Италија – можна победа на екстремната десница

t

Италијанците денеска ќе гласаат на, како што се нарекуваат клучни избори, во време кога Европа страда од последиците од руската војна во Украина.

Првпат во Италија по завршувањето на Втората светска војна, овие избори може да доведат на чело на владата лидер на екстремната десница, шефицата на партијата на Браќата на Италија, Џорџа Мелони.

Огромните трошоци за енергија и брзото зголемување на цените на основните производи како лебот, што се последица на руската инвазија врз Украина, тешко погодија многу италијански семејства и бизниси.

Во такви мрачни околности, Џорџа Мелони и нејзината партија Браќа на Италија со неофашистички корени и програма во која се Бог, татковината и христијанскиот идентитет, се чини дека водат според предизборните анкети.

Изборите би можеле да бидат тест за тоа дали екстремно десничарските чувства зајакнуваат во 27-члената ЕУ. Неодамна, една десничарска партија во Шведска се здоби со популарност преку искористување на стравовите на луѓето од криминалот, потсетува Бета.

Главниот партнер во сојузот на Џорџа Мелони е десничарската партија Лига на Матео Салвини, која ги обвинува мигрантите за криминал. Салвини долго време е идеолошки поддржувач на десничарските влади во Унгарија и Полска.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео од Италијанци кои го тргнаа европското знаме и закачија италијанско пред седиштето на ЕУ во Рим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…

Италија треба да го прекине договорот со…

Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…

Во музеј на Сицилија, украдени се четири…

„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…

Родители возеле околу 100 километри низ Италија…

Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…

Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…

Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…

Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…