(Видео) Повторно пожар кај Визбегово

t

Уште едно загадување го вознемири населението во скопската населба Визбегово, каде денеска повторно изби пожар. Според првични информации, гори дива депонија во близина на индустриската зона.

Како што може да се забележи и од јавната камера на ЈСП на Водно, над тој дел од градот се издигнува густ чад, кој се шири кон урбаните делови на Скопје.

Жителите, веќе навикнати на вакви сцени, повторно реагираат со гнев и загриженост. Бараат итна интервенција од надлежните служби, но и трајно решение за честите пожари и загадување во овој дел од градот.

Извор: 4Њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските инвестиции во Македонија зголемени за 86…

Приливот на странски директни инвестиции во периодот…

19-годишна девојка загина откако со автомобил излетала…

19-годишна девојка од селото Црнилиште загина во…

Туск: Само предавниците можат да се радуваат…

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека…

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква…

Асномскиот завет вели – каква држава ќе…