(Видео) ПУКАЊЕ ПРЕД ВЛАДА: ТЕШКО РАНЕТ ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА!
Словачкиот премиер Роберт Фицо попладнево е ранет во пукотница по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Фицо бил застрелан кога по средбата излегол да ги поздрави насобраните граѓани.
Словачкиот портал Правда пишува дека напаѓачот испукал неколку куршуми во Фиц, по што полицијата го уапсила.
Весникот „Плус еден ден“ објави дека, според претпоставките, Фицо е ранет во екстремитетот, градниот кош и стомакот.
Според весникот, очевидци слушнале за четири или пет истрели.
Премиерот на Словачка со хеликоптер е префрлен во болница во главниот град на Словачка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Силјановска: Нашиот пат кон ЕУ е многу…
Во рамките на официјалната посета на Република…
Пелегрини – Сиљановска: Западен Балкан не смее…
Словачка ја поддржува европската перспектива на Македонија…
Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…
(Видео) Министерот за здравство на САД фаќа змии…
Снимката како американскиот министер за здравство Роберт…