(Видео) Сајковски го потона Мицкоски: Не верувам дека измените на КЗ беа за враќање на Груевски

t

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не верува оти измените на Кривичниот закон се за враќање на екс премиерот Никола Груевски.

„Не верувам дека измените се за враќање на Груевски, и тоа времето ќе го покаже. Можеби треба да ја прашате за тоа, затоа што не ги знам нивните планови, плановите на СДСМ – ДУИ. Немаше никој вклучено од нашата партија за овој закон, ниту за многу други закони кои се штета на македонската држава“, вели Сајкоски.

Да се потсетиме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го обвини неговиот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени, во своето интервју за ФАЦ.

За да издејствува уставни измени, владата подготвува валкани дилови, тврди Мицкоски. Таа планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…

Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…

Татко од Крива Паланка бил насилен кон…

(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…

Најмалку две лица загинаа, а десет други…