(Видео) Силно невреме во Кочани!
Нестабилното време денеска веќе се чувствува во одредени региони од државата, при што во околината на Кочани се регистрирани интензивни атмосферски процеси со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека, според радарската слика, во Кочанскиот регион има појава на поизразени врнежи и електрична активност, што укажува на локална нестабилност.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и можат да преминат во невреме со обилен пороен дожд, силен ветер над 60 km/h и изолирана појава на град.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 24 до 34 степени.
Во Скопје, според мерењата, времето е променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Попладне се очекува нестабилност во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата изнесува околу 31°C, атмосферскиот притисок е 979 hPa, влажноста 44%, а ветерот дува со брзина од околу 5 m/s.
Од УХМР најавуваат дека утре и во сабота времето ќе биде постабилно со пониски дневни температури и умерен до засилен северен ветер. Од недела повторно се очекува пораст на температурите, со повремена попладневна нестабилност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…