(Видео) Скопјани „сварени“ , а Аква паркот не работи!

t

Разиграни деца низ базените и реквизитите, полни кафитерии и ресторани, бројни домашни и странски посетители, беше сликата во aква паркот во Скопје во Спортскиот центар Борис Трајковски пред само неколку години.

Денеска сосема поинаква слика. Аква паркот е целосно запуштен, како одвнатре, така и неговата околина која е преполна со инсекти и е обрасната со трева. Базените и мрзливата река се претворени во мучуришта, а реквизитите се покриени со кал и прашина.

Наместо место за одмор и релаксација од топлите скопски лета и атракција за посетителите на метрополата, аква паркот во Спортскиот центар Борис Трајковски оваа година остана запуштен, а неговите врати под клуч.

Минатиот месец, преку социјалните мрежи од аква паркот информираа дека тој оваа сезона нема да работи. Канал 5 се обрати до СЦ Борис Трајковски под чија надлежност е аква паркот, со прашање зошто е одлучено оваа сезона тој да биде затворен и запуштен, од каде само накусо ни одговорија дека таква била одлуката на претходната управа. Пред само неколку дена бил назначен и нов директор, со кој деновиве најавија дека ќе се разговара кои би биле следните чекори за негово евентуално отворање, но од идната сезона.

Скопјани се жалат дека во топлотниот бран немаат каде да се разладат. Велат дека во главниот град нема доволно базени, но и дека немаат каде да ги однесат гостите од странство, кога ги посетувале за време на летните одмори.

– Нема доволно базени. Поготово во вакви ситуации како што е сега горештината, треба луѓето малку да се освежат ама мислам во Скопје нема.

– Повеќе, нормално дека повеќе затоа што луѓето се намножуваат и повеќе базени треба да има затоа што малку е тоа.

Аква паркот беше изграден и отворен во 2013 година, а инвестицијата се проценуваше дека е вредна 2.8 милиони евра. Тој последен пат беше отворен за посетителите минатото лето на 1ви јули, нешто подоцна од вообичаената сезона која започнуваше од 10ти јуни. Тогаш надлежните од аква паркот информираа дека била извршена комплетна санација на сите оштетени делови и бил сервисиран машинскиот дел од паркот.

Извор: kanal5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп постигна договор со Путин: Америка ќе…

Во неочекуван пресврт во американската енергетска политика,…

Торнадо пустошеше низ Сицилија: Автомобили летале од…

Силно торнадо денеска го погоди западниот дел…

(Видео) Санкционирани возачите што се движеа со…

Полицијата ги идентификувала и ќе ги санкционира…

Ердоган од Истанбул: Газа е претворена во…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остри…

Сиљановска-Давкова со претседателката на турската Црвена полумесечина:…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма…