(Видео) Стинг би се гордеел: БТВ најави филм „Бугарин во Северна Македонија“
„Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“, е дел од најавата за денешното емитување на филмот
Бугарската телевизија БТВ за денеска најави емитување на филм со наслов „Бугарин во Македонија“.
Во најавата не се наведува дали станува збор за документарец, но според објавени исечоци, во него има сведоштва на граѓани на Македонија кои се декларираат со бугарска самосвест, меѓу нив е и Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.
„По серијата вандализам во Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипата на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве запознаеме со неколку мажи – родени и израснати во Македонија, но велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство“, пишува во најавата на БТВ.
За првпат, велат, јавно ќе зборуваат двајца браќа од Охрид кои биле приведени по нападот на Пендиков.
Филмот, според најавата, го снимале една репортерка и еден снимател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…
Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…
Холандија разгледува „црна фаза“: Супермаркети со генератори…
Холандските супермаркети и Министерството за земјоделство разговараат…
Јеменската армија се повлекува од Баб ал-Мандеб:…
Армијата на меѓународно признаената јеменска влада денеска…
Ирански претставник: Преговорите со САД завршија
Хасан Кашкави, портпарол на Комисијата за национална…