(Видео) Тетовци паркираат на булевари и крстосници: Касами ја обвинува полицијата дека дава отпор да го спроведува законот

t

Ова е крстосницата која го поврзува булеварот „Илинден“ со улицата „Дервиш Цара“ во Тетово. На оваа крстосница, како што може и да се забележи, паркирањето автомобили на ова место се смета за нармално. Воопшто не се обрнува внимание на блокирањето на крстосницата, ниту на трите пајак возила, ниту на сообраќајната полиција.

Градоначалникот на општината Биљал Касами на 16 јули заедно со новиот полициски началник на Тетово излезе на терен за да го исчисти булеварот и рече дека ниту едно возило нема да може да се паркира на места каде што тоа е забрането.

-Во рамките на договорот што го имавме со СВР и директорот на паркинзи, на улиците и булеварите каде што е забрането паркирање, граѓаните нема да можат да ги паркираат своите автомобили бидејќи тоа создава хаос и го попречува слободното движење на автомобилите, изјави градоначалникот на Тетово Биљал Касами.

Вака сега изгледа булеварот што Касами го чистеше со полиција. Повторно полн со автомобили и сообраќајот се одвива тешко.
Минатата недела го прашавме Касами зошто е стопирана акцијата за ослободување на улиците од лошо паркирани автомобили, но тој вината ја префрли на полицијата, велејќи дека некои полицајци даваат отпор.

-Верувам дека ќе ја имаме потребната поддршка од полицијата на Тетово, во овој случај имаме поддршка од началникот бидејќи структурите што се под полицијата се исти и има отпор, но верувам дека ќе успееме да имаме подобра координација, изјави градоначалникот на Тетово Биљал Касами.

Во СВР Тетово прашавме зошто е стопирана акцијата за чистење на булеварите, од каде добивме одговор дека знаците важат за целиот град и дека во периодот од 1 јули до 31 август се изречени вкупно 1256 мерки за незаконско паркирање, додека службата „пајак“ кренала 750 автомобили.

Касами на почетокот на мандатот вети бесплатен паркинг, а еден месец подоцна паркинг за секој автомобил, а потоа рече дека полицијата прави пречки и додека полицијата не го регулира сообраќајот. Порача дека не планира да гради катни гаражи. Сега првиот човек на СВР Тетово е дел од ВРЕДИ, но сообраќајот во Тетово и понатаму е во хаос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…

„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…

Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…