(Видео) Тошковски да каже од каде се купуваат дипломи, сите се на слобода, децата се во гробовите! Потресни изјави на родителите на загинатите деца

t

Да го прашам министерот Панче Тошковски од каде се купуваат дипломи и каде се купуваат лиценци, вели денеска мајка на загинато дете во трагедијата во Кочани.

Денеска се одржа ушт еден протест под мотото „задоцнета реакција“, во организација на семејствата на загинатите. Реката народ предводена од семејствата на загинатите започна со маршот од градскиот плоштад, продолжи кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, МВР и Основниот суд во Кочани.

Мајка на загинато дете истакна дека починаа најборбените, тие што го жртвуваа сопствениот живот за да ги спасат другите.

– Никој не им помогнал на нашите деца, никој, да им помагале ќе беа во болница. Јас моето дете го најдов на два чекори пред вратата, уште мирисаше на парфем, вели мајката која додава дека додека семејствата протестираат за правда за нивните најмили, газдарицата на дискотеката се шета низ градот.

Девојче кое вечерта било во дискотеката низ солзи раскажува како му велела на полицаецот да не стои, туку да им помогне на тие што се внатре, но тој не реагирал.

Ужалените семејства велат дека не се задоволни од истрагата, сите се невини, сите се пуштени на слобода, некои се шетаат во Дубаи и го прашаа Панче Тошковски каде се купуваат дипломи.

View this post on Instagram

A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…