(Видео) Трагедија: Македонец го загуби животот во северна Италија откако порта тешка неколку тони го згмечи додека работел…

t

Иселеник од Македонија загина во несреќа при работа, во саботата во провинцијата Пјаченца во Северна Италија.

Трагедијата длабоко го потресе селото Сончино каде што во раните попладневни часови животот го загуби Златко Георгиев (52) авто-превозник, згмечен од портата на фармата каде што дошол да достави храна.

Македонецот, кој работел за фирмата ГИ.МА. од Фиоренцула д’Арда, каде живеел со семејството, починал на самото место на несреќата, иако веднаш стигнала екипа на итната помош.

Истрагата за смртта на Георгиев сега се во рацете на карабинерите од Сончино, иако нема сомнеж дека станува збор за несреќа, но ќе треба да се расветлат причините поради кои се случила трагедијата.

This image has an empty alt attribute; its file name is WhatsApp_Image_2021-12-18_at_13.44.24-1639832785629.jpeg-.jpeg

Истрагата ќе треба да се сконцентрира на портата од железо и лим, импозантна со цврста структура, тешка неколку тони со рачно отворање.

Македонецот со години доставувалсточна храна за фармите во Пјаченца и Кремонезе, па така важел за доверлив соработник на компанијата „Лингиарди“, во која немало персонал и била затворена кога се случила несреќата. Поради тоа не било прв пат Георгиев да ја отвора портата и ја знаел процедурата.

Но, нешто тргнало наопаку. Според истражителите, несреќата може да се должи на огромен број фактори кои допрва треба да се испитаат. Не е исклучено дека големата влажност, па дури и земјотресите ја поткопале отпорноста и структурата на портата, па таа попуштила и го згмечила возачот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мелони се пофали: Италија имаше водечка улога…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја поздрави одлуката…

Уставниот суд на Албанија ја суспендираше ратификацијата…

Уставниот суд на Албанија денеска соопшти дека…

Најмалку 17 повредени во судир на два…

Најмалку 17 лица се повредени во судир…

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, со автомобил излетал…

Велешанецот на возраст од 49 години, кого…

Кривата кула во Италија се соочува со…

Една од „кулите близначки“ на Болоња од…