Објавено на:

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

t

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и првите детали од салата за состаноци, според кои украинската делегација е сместена на една страна од масата, а американската делегација спроти нив.

Во американската делегација, покрај Трамп, учествуваат државниот секретар Марко Рубио, како и специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. На состанокот присуствува и генералот Дан Кејн, претседател на Здружениот штаб и највисок воен функционер на САД.

По пристигнувањето на Зеленски, Трамп пред новинарите изјави дека е оптимист за можноста за постигнување мировен договор, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозен во врска со мирот.

„Премногу луѓе загинаа и мислам дека двајцата претседатели сакаат да постигнат договор. Навистина верувам дека имаме основа за договор што е добар за Украина, добар за сите. Ништо не е поважно“, изјави Трамп. Тој најави дека ќе постои силен безбедносен договор за Украина и нагласи дека европските држави се многу вклучени во целиот процес, оценувајќи дека тие се усогласени со напорите за постигнување договор. Во меѓувреме, Зеленски соопшти дека е постигнат значаен напредок во мировниот план од 20 точки, наведувајќи дека украинскиот и американскиот тим завршиле околу 90 отсто од работата и дека наскоро ќе се разговара за преостанатите точки, меѓу кои и чувствителното прашање за територијата.

Трамп изрази уверување дека преговорите за завршување на војната се во финална фаза и дека е можен и брз крај на конфликтот, предупредувајќи на тешките последици доколку решение не се постигне наскоро. „Или ќе заврши, или ќе продолжи долго време, а милиони дополнителни луѓе ќе умрат. И никој не го сака тоа“, изјави Трамп, додавајќи дека, според него, процесот може да се одвива многу брзо. По кратките изјави пред јавноста, Трамп и Зеленски се повлекоа во внатрешноста на Мар-а-лаго, каде ги започнаа официјалните разговори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…