(Видео) „УБИЈЦИ, УБИЈЦИ“ – Кочани ги иссвирка полицијата и Обвинителството!
Кочанчани, сите граѓани кои присуствуваа на денешниот Марш за ангелите во Кочани, како и самите родители на загинатите во трагедијата на 16 март денеска ги иссвиркаа сите институции, МВР, Обвинителство, Општина Кочани.
Родителите порачаа дека не смеат да се заштитуваат убијците и дека нема да молчат.
– Да ве потсетиме, на 16 март 2025 Кочани замолкна. Во огнот на кабарето Пулс живи изгореа 62 млади души, над 200 беа повредени, половина беа деца кои немаа ни полни 13 години. Не сме ни слепи ни глуви, се видовме, се знаеме и нема да молчиме. Таа вечер беше отворен простор без лиценца, простор за 30 луѓе, внатре 500, како стока ги натрупаа нашите деца. Од алчност газдата пушти толку луѓе, сега се слободни и шетаат со исправени глави, ние не сме глупави ни наивни, на никого не сакаме зло, ама нека си го замислат една минута нивото дете над тие врати и бараме правда за секое едно дете што загина, Тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците, ако ви останало нешто човечно, вечна болка за нас, доживотна одговорност за вас, порача една од мајките пред полициската станица во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…