(Видео) Хеликоптери на МВР исфрлија 56 тони вода врз пожарот во Соколарци
Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска со два хеликоптера, Ми-171 и Бел 412, активно работеше на локализирање на пожарот во реонот на Кочани, поточно во близина на селата Соколарци, Врбјани и Жиганци, инфомира МИА.
Беше зафатена површина од околу 2.500 хектари, претежно нискостеблеста шума и ливади, во понискиот дел од теренот, а постоеше опасност од пожарот да бидат зафатени куќи и бачила, кои се наоѓаа во непосредна близина на линијата на пожарот.
Како што информира МВР, почнувајќи од 16.00 часот, хеликоптерот Ми-171 од Хеликоптерската единица за посебни намени во 15 наврати исфрли повеќе од 38 тони вода, а хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски работи во 17 наврати исфрли 18 тони вода.
-Во координација со противпожарните служби, останатите служби на терен и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување успешно беше спречено ширење на пожарот кон населените места и бачилата кои ги делеа само неколку метри од линијата на пожарот, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
