(Видео) Јакимовски: Додека бубашваби го лазат народот по болнците, милијарди трошиме на Бехтел и Енка!
Ние треба да исплатиме милијарди на Бехтел и Енка, милијарда и пол треба да платиме, наместо тие да донесат инвестиции. Можете ли да ми кажете колку милиметри од тој пат се изградени?
Во меѓувреме бубашваби да го лазат народот по болнците, да се чека шест месеци за преглед, да нема геријатриски центри, нема пензионерски домови, нема градинки за децата… Ние имаме многу поважни работи, ај да видиме општите болници по внатрешноста какви ни се?
Јас одговорно тврдам дека ова е една од најкоруптивните јавни набавки озаконета со Закон, затоа и сум на црна листа, затоа што јавно го критикував. Ајде да му го дадеме на Гранит, на домашни компании да го градат коридорот, да им дадеме милијарда и пол на нашите фирми и работници.
Се иселуваат докторите, немаме професор по математика, кој ќе ни ги учи децата? Немаме ли поважни проблеми што треба да ги решиме? Ние цело време функционираме по сугестии на ЕУ, ама нешто фали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум кутии докази за случајот „Државна лотарија“:…
Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“…
ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада,…
Трговската војна меѓу САД и Канада влезе…
ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди…
ПЕТ скенот од кој завбиси животот и…
(Видео) Кинези снимени како ја потопуваат зелката…
Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека…
Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил…
Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била…