(Видео) Јакимовски на терен: Инспекторот изготви записник, а ќе следи и решение за уривање, НЕ влегувајте во вакви авантури!

t

Денес, заедно со градежниот инспектор и раководителот на Инспекторатот, излеговме на терен – улица Козле бр.17.
Извршивме увид на настрешница поставена на зграда со рамна плоча. Иако дел од станарите добиле одобрение за кос покрив поради наводно течење, утврдивме дека изведбата НЕ е согласно одобрениот проект!

Просторот е поделен на 4 дела – со подготовки за кујни и тоалети – што јасно укажува на обид да се направат уште 4 нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот!

Инспекторот изготви записник, а ќе следи и решение за уривање, или обврска граѓаните сами да ја отстранат оваа дивоградба!

Контрола направивме и во гаражниот простор, каде повторно се утврдија градежни активности спротивно на одобрението!

Ги повикувам граѓаните:

НЕ влегувајте во вакви авантури!

Ни малку не ме радува кога ќе слушнам дека некој потрошил десетици илјади евра, а притоа го прекршил законот – тие пари ќе завршат во ветер!

Проектите мора да се изведуваат СТРОГО според одобрението за градба!

Законите важат за сите!

Продолжуваме со инспекциите – следна на ред е зградата на улица Никола Парапунов и гаражниот простор таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…

Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…

Владата не може да ги обезбеди законски…

КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…