(Видео) Ја потврди коалицијата: Мицкоски голташе кнедли кога го прашаа за Бошковски, Ангелов, Богојески и Трајанов – тврди дека ја препознале програмата на ВМРО-ДПМНЕ

t

Хрисијан Мицкоски не одговори зошто Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов и Петар Богојески се приклучиле на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ која ќе настапува на парламентарните избори. Тој најпрво побара од новинарот прашањето да им го постави на гореспоменатите за потоа да ја постави тезата дека ја препознале програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние имаме принципиелни разговори и договори и принципиелен договор за настап на следните парламентарни избори, заеднички договор и очекуваме понатаму врз основа на тој договор да функционираме како идна Влада. Околу мотивот и причината можеби тие ќе треба да ви дадат одговор јас би сакал тоа да е фактор што тие препознале во нашата програма добри работи и поради тоа одлучиле да ја прифатат, вели Мицкоски.

Сепак Мицкоски не даде одговор на клучното прашање, а тоа е што со политичкиот багаж кој го носат овие луѓе зад себе, политички багаж кој значи промена на име, криминал и корупција и ставови кои не кореспондирале со ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Љубе Бошковски

Бошковски во 2011-та година беше уапсен откако беше фатен на снимка како зема пари од грчкото разузнавање за промена на името на државата.

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски на неговиот соговорник му ветува решение на проблемот меѓу Скопје и Атина, а за возврат добива евра.

Eве ја содржината од разговорите на друга локација, во која Бошкоски ветува брзо решение на името ако дојде во власта на изборите во 2011-та:

Љубе Бошкоски: Терам кампањава топ. И така.

Посредник: Немој после да ме забораваш.

Љубе Бошкоски: Никогаш. Ти се колнам, во три деца ти се колнам.

Посредник: Браво

Љубе Бошкоски: Еднаш…ние не сме п…и…зборев дека грците ни се пријатели …сега имав интервју синоќа беше прикажано…

Посредник: Што те прашаа дали го менуваш уставното име ха.

Љубе Бошкоски: Јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење.

Според експертите, и новите снимки потврдуваат дека Љубе Бошкоски сторил кривично дело – земање пари за нелегално финансирање на кампањата за изборите во 2011-та година. Претседателот на Обединети за Македонија кажува за што ќе ги користи парите.

Љубе Бокоски: Брат сериозно, ама нема потреба јас да се фалам јас гледам на терен луѓе, без автобуси без ништо, а полни плоштади. Едино ќе ми треба, за Тетово ќе ми треба многу пари. Знаеш првиот и задниот митинг и за Охрид ќе ми требаат многу пари

Посредник: Многу тешко ќе поминам на граница. Многу се пазам…за последниот митинг ако може нешто да соберам…. и се ќе ти дадам како што треба.

Љубе Бошкоски: Последниот митинг ми е во петок… Со едно 50 илјади ќе завршиме работа.

Посредникот: За митингот.

Љубе Бошкоски: За митингот ни требаат автобуси од цела Македонија. Ми треба 100 автобуси, по 250 евра, 25 илјади евра…

Бошкоски на соговорникот му потврдува дека е подготвен за два дена да договори промена на уставното име на земјава, но и на идентитетот, со тоа што, на сугестија на соговорникот, прифаќа наместо Македонци, народот да се нарекува, граѓани на Северна Македонија.

Нејасно е како новиот коалиционен партнер на Мицкоски, Љубе Бошковски ќе седне на иста маса со долгогодишниот член и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски кој лично беше предаден од Бошковски на судот во Хаг.

Екс-премиерот Никола Груевски во пост на Фејсбук откри дека Брат Љубе најдиректно и најмизерно го местел и кодошел Тарчуловски за случајот Љуботен.

Во негов стил Груевски открива многу детали за времето кога Бошковски беше министер, за дел од нивните средби.

За работите кои ги говори Груевски постојат и видео докази објавени на повеќе македонски телевизии.

Стојанче Ангелов

Мицкоски потврди дека во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја бара довербата од граѓаните ќе биде и Стојанче Ангелов кој активно агитираше за промена на името и тврдеше дека патритизмот на Мицкоски е само фолклор.

„Тие цело време зборуваат за патриотизам, но патриотизмот на ВМРО-ДПМНЕ е фолклорен патриотизам. Не е патриотизам ако вие вашата куќа ја наредите со ѕвездата од Кутлеш. Не е патриотизам ако мафтате со знамиња, а притоа ништо не правите за својот народ“ рече своевремено Стојанче Ангелов за ВМРО-ДПМНЕ.

Додавајќи дека Зоран Заев е вистински патриот…

Тој додаде дека вистински патриотизам е тоа што го прави Владата предводена од СДСМ, односно економскиот патриотизам.

Мицкоски, вели Ангелов, го „поткрепи” договорот на лош бугарски јазик.

„Се изнаслушавме секакви работи за договорот со Бугарија. Но, вчера можевме да го слушнеме претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, како на прашање на Борисов вели, цитирам ‘поткрепиме, поткрепиме’ договорот“ изјави Стојанче Ангелов за Мицкоски во 2019 година.

Тогаш Ангелов додаде дека Мицкоски се труди да зборува на бугарски јазик, кој лошо го зборува.

„Но тој на лице место го покажа лицемерието. Она што е јасно е дека едно зборува овде, на нашите луѓе, а друго надвор. Дрскоста оди до таму што она што ние можевме да го слушнеме и видиме, тие се обидоа да го негираат. Може само да претпоставиме колку лажат за други работи“ рече Ангелов.

Но тоа не е се… ВМРО-ДПМНЕ претставено од портпаролот Наум Стоилковски буквално тврдеше дека Стојанче Ангелов е буквално деловно неспособен и недоветен.

Ангелов во повеќе наврати имаше и конфузни ставови тврдејќи дека името на државата не е променето и дека не е проблем што е истото променето додавајќи дека нема проблем ни со двојазичноста.

Петар Богојески – Бунтур

Во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ влегува и Петар Богојески кој тврдеше дека Христијан Мицкоски е главната пречка за влез на државата на во Европската Унија кога се менуваше името на државата.

Богојески го обвинуваше Мицкоски дека работи заедно со Красимир Каракачанов и Орце Камчев за креирање проблем со Бугарија со цел спроведување на руска агенда и спречување на влезот на Македонија во ЕУ.

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, соопшти дека подолг период е предмет на уцени и закани преку специјална платена координирана акција помеѓу претставници на ДПМНЕ на Мицкоски и БНД на Каракачанов. Според него, тие се координирани од страна на еден македонски олигарх, кој плаќа бугарски и македонски политичари за да биде заштитен од политички прогон во Македонија. Според него тие бараат да исполни неколку нешта.

„Тие бараат да ја поддржам официјалната позиција на Бугарија по македонското прашање, со која ќе се уценува и спречи влезот на Македонија во ЕУ, што е стратешка цел на болшевиците од ДПМНЕ и БНД! Едните ќе бидат херои во очите на бугарските националисти, а другите ќе докажат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ и покрај промена на име, без да се избрише идентитетот на Македонците! Тоа е брак од интерес на двете ‘партии‚, координирани од ист московски центар, кои носат предзнак ВМРО и го злоупотребуваат историското значење на Организацијата!

Бараат да се откажам од тврдењето дека македонско-бугарските односи се заложник на мафијата и да престанам да ја известувам јавноста за игрите околу ‘конзулот’!

Да се откажам од барањето да се заштити ВМРО од политичка злоупотреба и во Македонија и во Бугарија, преку заклучок на историската комисија на двете земји!

Да се повлечам од барањето за реформи, а сега и за редефинирање на ВМРО-ДПМНЕ и да го поддржам Мицкоски да остане лидер на партијата!

Да престане да постои Македонски концепт, а во понатамошното политичко дејствување да му дадам поддршка на Мицкоски!

Но тоа не е се во интервју за Фокус тој директно го обвинуваше Мицкоски дека работи за руските интереси во Република Македонија.

БОГОЈЕСКИ: Непотребно е, во време кога зборуваме за великанот Гоце Делчев, да ме прашувате за џуџето Антоњо. Простете, но некои ликови во ВМРО ДПМНЕ немаат ништо заедничко со македонската Кауза на која јас и илјадници како мене, и припаѓаме. Бидејќи ова прашање се злоупотребува во двете држави, од една страна големи бугарски патриоти зборуваат дека Македонците им ја крадат историјата, а од друга страна големи македонски патриоти зборуваат дека Бугарите ни ја менуваат историјата, а и двете страни го злоставуваат името на историското ВМРО за политичка злоупотреба, најдобро е лидерите на двете партии кои за себе тврдат дека се наследнички на историското ВМРО, господата Каракачанов и Мицкоски да седнат и да се разберат за Гоце Делчев, во име на добрососедските односи и европската перспектива на Македонија! За мене Гоце Делчев е главниот инспектор за вооружување на ВМРО и основач на Четничкиот институт на Организацијата! Дополнително, господин Мицкоски може да избере дали сам ќе оди да разговара со Краси или ќе го земе Камчев за советник со себе, како бугарски конзул во обид! И онака тој го користи подарокот на Краси – „Орце на тацна“, за зацврстување на неговата лидерска позиција во партијата, преку ʺзаштитувањеʺ на Гоце Делчев.

Јас мислам дека е време да го ослободиме ВМРО во двете држави! Во овој момент тоа е измеќар на големата и убава Русија!

Во повеќе наврати Богојески го навредуваше Мицкоски го нарекуваше предавник и бандит, додавајќи на една прес-конференција дека помеѓу него и Заев нема никаква разлика.

Погледнете како Петар Богојески директно беше фатен во лага во своето последно гостување на Инфомакс…

Сафет Бишевац

Во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е и Сафет Бишевац кој беше на 9 место на листата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори 2020 година. Тој вчера беше на Ифтар огранизиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Да се потсетиме, какво мислење имаше и што зборуваше овој пратеник за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, од кои на овие избори ќе ја бара поддршката.

Бишевац на собраниска комисија, обраќајки се кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, рече: “Да, ова ќе помине кај вашите гласачи, затоа што тие не вклучуваат мозок!”

Павле Трајанов

Во преговори за влез во коалиција со Христијан Мицкоски е и Павле Трајанов кој денеска преку партиско сооштение наговести дека се при крај со договорот за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

-Инаку, за соработка и заеднички настап на претстојните парламентарни избори Демократскиот сојуз има приоритети меѓу кои се темелни уставни реформи со донесување на нов Устав, стои во партиското соопштение.

Ова упатува дека Христијан Мицкоски со доаѓањето на власт планира да го менува Уставот на државата што ќе ја отвори пандорината кутија.

Мицкоски своевремено го нарече Павле Трајанов последниот бастион на СДСМ.

„Сакам да го демантирам господинот Павле Трајанов. Не е точно дека не сме разговарале со малите партии да се приклучат кон новото мнозинство. Нека ги праша луѓето околу себе, колегите во Собранието. Инаку, да бидам јасен, точно е со него не сме разговарале бидејќи тој е последниот бастион на СДСМ“ – рече Мицкоски

Тој реагираше жестоко на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додавајќи дека враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе значи криза нестабилноста на државата и прекинување на евроинтеграциите на Македонија.

„Сакам да укажам дека јас сум претседател на Демократскиот сојуз, автентична политичка партија и моето дејствување, како и на партијата Демократски сојуз е во интерес на граѓаните и националните државни интереси. Инаку мојот став е принципиелен и познат, не поддржувам трансфер на пратеници и не учествувам во никакви пазарења за ново парламентарно мнозинство или проширување на постојното. Жалам што досега двете најголеми партии не можат да изградат заеднички став околу круцијалните државни интереси, вклучително и за евроинтеграциските процеси. Во услови кога има сериозни сигнали дека наскоро ќе започнат преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, најмалку ни е потребна политичка криза и нестабилност на државата“, вели Трајанов во писмената реакција.

Гордана Силјановска Давкова

Можеби најголемиот шамар за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ е номинирањето на Гордана Силјановска Давкова повторно за претседател на државата од редовите на партијата.

Бранко Црвенковски веќе не е крив, Црвенковски очигледно е главен кадровик на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. До редакцијата на Инфомакс пристигна ексклузивна фотографија од првата Влада на Бранко Црвенковски од која многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе се изненадат.

19. влада на Македонија прва политичка влада на Република Македонија е избрана на 4 септември 1992, по изгласувањето на недоверба на првата техничка влада. На нејзино чело е избран Бранко Црвенковски.

Како што се гледа на фотографијата во првиот кабинет на Црвенковски е и професорката Гордана Сиљановска Давкова која е министер без ресор и е на фотографијата веднаш до Црвенковски. Во Владата министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчковски, министер за надворешни и колега на Сиљановска е Денко Малевски од попознатите имиња.

Давкова,со својот сопруг купиле куќа од државата со површина од 100 метри квадратни додека била министерка во Владата од 1992 до 1994, ги раководеле фришоповите на границите на Македонија кои пропаднаа како и земјоделската задруга Доне Попов.

Во период кога директор во земјоделско- сточарската задруга “Доне Попов” е сопругот на Силјановска, се случува страшна трагедија во бачилата.

Околу 1.000 овци и 500 јагниња од германската расата “винтерберг” се оставени да умираат за храна, во периодот додека директор во Доне Попов е Благој Давков.

Самата земјоделска задруга, со целиот свој имот и опрема е приватизирана по багателна цена, односно за само 10.000 евра.

При приватизацијата задругата располагала со:
– 100 хектари современи лозови плантажи
– Најмодерна ергела со стотина расни коњи
– 1.000 говедски грла
– 300 пчелни семејства
– Земјоделска механизација
– Управна зграда со современа овчарска мандра
– Бензиска пумпа и други придружни објекти

Во тој период најголемиот дел од затекнатата механизацијата, опрема, имот и производи се распродадени.

Наместо кон обезбедување на храна и дополнително развивање на задругата, сопругот на Силјановска заедно со сопствениците се занимавале со уништување и пљачкање на задругата.

Ова се делата на сопругот на Гордана Силјановска Давкова, која вели дека ќе донесе правда и економија во Македонија.

Но тоа не е се, можеби најшокантно за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ се пофалбите на Силјановска за Бранко Црвенковски кој остави илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ на улица за време на приватизацијата.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, во гостување кај Стефан Лазаров го испофали поранешниот премиер Бранко Црвенковски, од чија Влада и самата била дел.

Силјановска објаснува дека има добро мислење на Црвенковски, дека бил исклучително паметен човек, како што вели таа како и сите од природните и техничките факултети. Вели дека не се видела со Црвенковски, а потоа самата се демантира кажувајќи дека го видела на некоја приватна забава.

Во претходен свој настап, Силјановска човекот кој ја остави половина Македонија на просјачки стап го нарече политички мангуп.

Крај…

Вчера екс-министерот за надворешни работи кој го промени името на државата, Никола Димитров имаше настап на телевизија која е под контрола на коалициониот партнер на Мицкоски, СПМ. Во пријателското интервју тој ја критикуваше Владата на СДСМ и го фалеше Преспанскиот договор за промена на името.

Неодамна Димитров беше фотографиран како води пријателски разговор со Христијан Мицкоски што упатува на нивна исклучителна блискост.

Во оваа коалиција реално фали само уште Никола Димитров за работите да бидат појасни. Прашањето е кој член на ВМРО-ДПМНЕ и искрен патриот е подготвен да гласа за овие луѓе….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инаугурација на Гордана Сиљановска – Давкова денес

Денеска во Собранието на Република Македонија ќе…

Лина Ѓорческа ќе игра на Ролан Гарос?

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ќе има можност…

Бајден: Прекин на огнот во Газа е…

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во саботата…

Од денес во Косово се плаќа само…

Како што јави РТК, вчера заврши преодниот…

Швајцарија победи на Евровизија 2024, Немо ја…

Заврши финалето на 68. Избор за песна на…