Виктор Димовски денеска на затворена седница на Влада ќе објаснува како Онишченко добил државјанство

t

Првиот човек на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски денеска на затворена седница на Владата треба да реферира за македонското државјанство на контроверзниот Украинец Олександр Онишченко. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да се утврди одговорност за случајот.

-Четирите мислења беа позитивни и доставени до седница на Влада врз основа на кои беше доделено државјанството на Онишченко. Јас побарав детален извештај врз основа на спроведена истрага и анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да дојде да даде извештај на затворена седница на Владата и тоа ќе се случи најверојатно во текот на утрешниот ден. Од затворена седница на Влада не може да се даваат извештаи и информации со оглед на казнивоста на давање на такви информации, изјави вчера Ковачевски.

Наскоро треба да биде именуван нов директор на АНБ за што е почнат процес на селекција, но смената на Димовски ќе биде поради тоа што тој треба да замине на амбасадорска позиција во Франција.

На двајца припадници на АНБ, кои се дел од одделот за стратешка соработка, вчера беше објавено дека им се заканува суспензија поради случајот.

Комисиската расправа во петокот беше прекината откако пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз на говорницата во Собранието рече дека од некои новинари добил информација дека тонот од затворената комисиска седница, на која сведочеше Димовски, се слушал во позадина на јутуб-преносот од пленарната седница на Собранието, која беше во тек. По ова, седницата беше одложена, а преносот од Собранието е исклучен.

Димовски во петокот информира дека е пронајдена вина кај поединец-припадник во АНБ за случајот со Онишченко.

-Во АНБ преземени се неколку мерки бидејќи е лоциран поединецот кој што го ставил потписот, за утврдување на одговорноста. Ипситуваме дали се работи за изолиран случај или некој друг предмет. Не сакаме заради ваков предмет, она што е сторено со макотрпна работа во изминатите три години, да се повтори лошата слика за делувањето на АНБ во претходните 15 години. Лицето и евентуално инволвирани во случајот ќе подложат на законски мерки. Во зависност ќе видиме со каква одговорност ќе заврши. Сега треба да се утврди дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ќе го откриеме тоа и нема да застанеме, додаде Димовски.

Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…

ФИНКИ нема зграда, учиме пред Влада –…

Студентите и професорите на ФИНКИ пред Владата…

Бугарија ќе добие нова Влада: Марија Габриел…

Бугарија ќе добие нова Влада. Идната бугарска…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…

(Видео) ДПМНЕ од нашата земја: Заменик министерката…

Заменик-министерката за финансии во техничката Влада, Елена…