Објавено на:

Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за изборната победа

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој остана близок со Москва по руската инвазија на Украина, вчера упати честитки до рускиот претседател Владимир Путин за неговата победа на изборите, на кои освои повеќе од 87 отсто од гласовите, пренесува Франс прес.

„По официјалните резултати од изборите, Виктор Орбан му честиташе на Владимир Путин за неговиот реизбор“, поздравувајќи го одржувањето на дијалогот „дури и во тежок геополитички контекст“, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на социјалната мрежа Икс.

Централната изборна комисија на Русија вчера ги објави конечните резултати од претседателските избори, според кои Владимир Путин освоил 87,28 отсто и со тоа е избран за нов шестгодишен мандат, до мај 2030 година, пренесе Тасс.

Комисијата објави дека кандидатот на Комунистичката партија на Русија Николај Харитонов освоил 4,31 отсто, додека на третото и четвртото место се Владислав Даванков од партијата Нови луѓе и лидерот на ЛДПР Леонид Слуцки со 3,85 отсто и 3,2 отсто.

Според законот, инаугурацијата на шефот на руската држава треба да се одржи на 7 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Иран никогаш не смее да добие…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска дека телефонски…

Пакистан ќе го предложи Трамп за Нобелова…

Пакистан денеска соопшти дека ќе го предложи…

Дали Трамп одлучи? Полетаа американските бомбардери

Шест стелт бомбардери B-2 Spirit од базата…

Му ја дал колата на другар кој…

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…

На професорот му пукна филмот: Eве што…

Со поврат на инвестицијата од 0,5% годишно…