(Видео) Вистинска драма за спорниот ДУП во Ѓорче Петров, се испокараа и советниците, и граѓаните
Вистинска драма се случуваше денеска во Советот на Општина Ѓорче Петров, на третата вонредна седница свикана со една точка на дневниот ред – предлог одлука за суспендирање на дел од ДУП-от кој предвидува изградба на 50 згради и три индустриски капацитети.
Иако имаше кворум за свикување на седницата, сепак немаше мнозинство за итност за одржување на истата. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Демократски сојуз, вкупно 12 на број, гласаа против итноста за одржување. Атмосферата континуирано беше тензична.
Во кавгата се вклучија и граѓаните, кои пак велат дека 50 години чекале да го изгласаат овој ДУП.
Дел од жителите на Ѓорче Петров, кавгата со советниците си ја пренесоа и надвор од општинската зграда.
За потсетување, претходно изгласаниот ДУП ги скара Арсовска и градоначалникот Стојкоски. Актуелната градоначалничка на Град Скопје обвини дека без согласност на градот биле донесени измените на ДУП-от, а пак градначалникот тврди дека се си е согласно законот. Градоначалничката најави кривични пријави против Стојковски, и Бочварски, а од Уставен ќе побара со времена мерка да ја запре примената.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…
Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…
Гаши од Рокас го прими Извештајот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…
Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…
Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…
(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…
По затварањето на Алта банка во Србија…
Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…