Вистински циркус: Играчи на Фортуна тепале гостински фудбалери па избегале во соблекувална да не добијат црвен картон!

t

Вистински циркус се случувал завчера во скопската населба Ченто, по завршувањето на мечот од Третата македонска Лига – Север помеѓу Фортуна и Куманово.

Откако мечот завршил со победа на гостите од 3-1, според делегатскиот извештај, следело и “трето полувреме”…

Според забелешката на делегатот на мечот Димче Маневски, по последниот свиреж на судијата Димитар Пилешков, настанал хаос на теренот.

„По завршување на натпреварот, домашните играчи со број 21, Реџепи Иса и играчот со број 26, Алилов Ерсин физички нападнаа повеќе играчи од гостинската екипа при што настана масовна конфронтација која за кратко време се стави во нормала. Играчите со број 21 и 26 од домашната екипа избегаа во соблекувалната при што немаше можност да им се додели црвени картон од страна на главниот судија“, пишува во официјалниот записник од натпреварот.

Засега нема официјална информација од МВР, а интересно е тоа што главниот судија на овој меч Димитар Пилешков од Штип е припадник на специјалните единици на македонската полиција.

И двете екипи се на врвот на табелата со ист скор – по шест победи, едно реми и по еден загубен меч.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…