Владата вели дека не го именувале Ибрахим Ељези за заменик директор во Идризово
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен. Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада“, реагираат од Владата во однос на прес-конференцијата на политичката партија СДС.
„Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело.“, велат, меѓу другото, од Владата.
Инаку, самата Влада претходно соопшти, па го повлече соопштението за именување на лица на раководни позиции, меѓу кои и Ибрахим Ељези за в.д заменик директор на КПУ Идризово, лице кое претходно лежел затвор во истата институција.
Инфомакс вчера разговараше со в.д директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.
Детали во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Во „Идризово“ починал затвореник
Затвореник од Неготинско вчера починал во затворот…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Затвореник почина од струен удар во Идризово
На 29 август 2026 година во 14:43…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
