Владата ги враќа “режимските” мерки на Груевски: Повторно ќе има бесплатен железнички превоз
Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:
Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот
Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);
Бесплатен превоз за студенти секој четврток.
И бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда
Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.
-Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз, велат од Владата.
Ваква слична мерка со бесплатен железнички превоз во одредени периоди од месецот беше воведена за време на Владата на ВМРО ДПМНЕ предводена од , Никола Груевски.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…