Владата го одобри Коцевски за нов републички обвинител, на ред е Собранието

t

Владата го одобри Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, по што му предложи на Собранието да го именува за наследник на Љубомир Јовески.

-Владата на Република Македонија донесе одлука со која му предложува на Собранието на Република Македонија за Јавен обвинител на Република Македонија, по добиено позитивно мислење од Советот на јавни обвинители на Република Македонија да го именува Љупчо Коцевски, одговорија од Владата за ,,Фокус”.

Неодамна само Коцевски го помина филтерот на Советот на јавните обвинители, односно доби позитивно мислење, а трката запре за обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Сега по мислењето од Владата изборот се селил во Собранието.

Кандидатот Коцевски е познат меѓу своите колеги, но неговото име е непознато за пошироката јавност. Се знае само дека обвинителот е со долгогодишна кариера и е веќе пред пензија.

Тој во адвакатурата бил 16 години, а во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од две години е унапреден и станува еден од десетмината обвинители во републичкото обвинителство.

Во досегашната обвинителска историја на државата, на чело на државното обвинителство секогаш стоел маж, и тоа вкупно осум на број.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…

Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…