Владата денеска треба да ги усвои предлог-уставните измени

t

Владата денеска треба да ја усвои Предлог-иницијативата за уставни измени, подготвена од работната група, која потоа треба да ја предложи до Собранието. За отворање на Уставот, Предлог – иницијативата потребно е да добие двотретинска поддршка во Парламентот.

Претседателот Стево Пендаровски вчера потврди дека е запознат со содржината на уставните амандмани кои, како што рече, Владата денеска треба да ги усвои и да ги предложи во Собранието. Амандманите, додаде тој, се формирани според договореното со ЕУ и согласно заклучоците на Собранието. Наспроти порано изнесениот став, шефот на државата сега вели дека постапката во Парламентот треба да почне дури и да не е обезбедено потебното мнозинство.

-Денеска сум повеќе склон да верувам дека е потребно да се влезе во Парламент, дури под претпоставка да немате сигурни 80 гласа претходно, со тоа што јасно на таков начин и со првото гласање кое бара две третини, би се идентификувале двата главни блока во државата – проевропски и антиевропски блок, вели Пендаровски и при тоа потсетува на  2015-та кога пред да влезе во првото гласање за Преспанскиот договор, тогашната владина структура, немаше обезбедено 80 гласа во тој момент.

Премиерот Димитар Ковачевски  вчера уште еднаш испрати порака дека очекува сите политички партии и пратеници да гласаат за уставните амандмани во име на народот за поквалитетен живот и посигурна иднина.

-Ќе ги предложам сите потребни одлуки Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел –  членство во Европската унија. Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на кој било политичар во државата, порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…

Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…