Владата како инфлуенсерка се пофали со 100 илјади следбеници на Фејсбук-Приоритет ѝ се лајковите
Среде економска и здравствена криза на Владата-инфлуенсерка приоритет ѝ се лајковите на Фејсбук, наместо проблемите на граѓаните. Убедена дека одлично се справува со кризите,Владата смета дека „влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување 100.000 следбеници на Фејсбук“.
„Владата на Македонија од 2017 година наваму постојано и темелно ја зголемува транспарентноста и отвореноста, создава и одржува современи канали за комуникација со граѓаните и работи на зголемување на довербата од јавноста кон институциите.
Доближувањето на јавните сервиси и информации до најзасегнатите, значи и создавање современи канали за комуникација преку сите платформи кои граѓаните ги користат.
Социјалните медиумски платформи како што е фејсбук станаа едни од основните канали за секојдневно информирање на граѓаните. Влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување – 100.000 следбеници кои се приклучија да ги добиваат информациите за услугите и за работата на институциите директно од фејсбук страницата на Владата.
Владата им благодари на сите граѓани кои ги следат јавните информации од институциите и кои на овој начин изразуваат доверба кон владините комуникации.
Владата продолжува, во партнерство со граѓаните, да гради отворени институции кои се отчетни, достапни и респонзивни и кои работат исклучиво за интересот на граѓаните“, се вели во фејсбук-постот на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…