Владата не задолжува нови 50 милиони евра
Прво задолжување на државата од речиси 48 милиони евра на домашен пазар по формирањето на новата влада. Денеска на Македонска берза излегуваат нови државни обврзници со рок на враќање од 15 години. Министерството за финансии ја издало пред една недела.
Според информацијата од берзата, овие хартии од вредност се без девизна клаузула. Емисијата е со вредност од 2.947.340.000 денари (47,87 милиони евра). Издадени се 294.734 обврзници со единечна номинална вредност од 10.000 денари. Каматна стапка е 5,6%.
Вчера, на прес-конференција за претставување на ребалансираниот буџет министерката за финансии најави дека дел од дефицитот на буџетот кој со ребалансот се искачи на 720 милиони евра ќе биде финансиран со задолжување на домашниот пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…
Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…
ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен…
Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…