Владата одлучи: Се замрзнува цената на овие овошја и зеленчуци
Владата денеска донесе одлука за намалување и замрзнување на цените на 11 видови овошје и зеленчук. Цените на доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, зелените пиперки, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот ќе бидат ограничени од 5 април до крајот на овој месец, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој појасни дека според анализите на Министерството за земјоделство, како и на Царинската управа, утврдено е дека маржите за тие видови овошје и зеленчук достигнале до 200 и 250 проценти во текот на март, а посочи дека Владата одлучила да ги ограничи на 40 проценти.
Бектеши прецизира дека од 5 до 30 април доматите во продавниците, маркетите и пазарите не можат да се продаваат по цена повисока од 70 денари, краставиците не можат да бидат поскапи од 75 денари, кромидот од 60 денари, карфиолот од 70 денари, гравот од 75 денари, леќата од 110 денари, бананите од 70 денари, портокалите од 55 денари, мандариниите од 60 денари и лимоните не поскапи од 55 денари.
Бектеши ги повика сите трговци со овошје и зеленчук целосно да ја почитуваат одлуката на Владата за ограничување на цените и додаде дека се очекува пад на цените кога македонското производство ќе се појави на пазарот.
„Очекуваме на крајот на април, на почетокот на мај, кога ќе почне да се пласира нашето производство на овошје и зеленчук, зголемувањето на конкуренцијата да влијае на намалувањето на цените“, рече Бектеши.
Владата од почетокот на март ги намали и замрзна цените на одредени видови хигиенски производи, оризот, јајцата од кокошка, некои млечни производи и тестенините, како и белиот и полубелиот леб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Цената на нафтата се зголеми, откако САД…
Цените на нафтата утрово се тргуваа за…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
