Владата повторно им реализира проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ: 70 милиони евра за реконструкција на улици
Владата повторно им реализира проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Откако добија милиони за реализација на ветените програми, денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски им подари 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици во неколку општини.
– Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалниците на општините Јегуновце, Желино, Центар Жупа, Зрновци, Кочани, Велес, Чашка и Дебрца, денеска ги потпишаа договорите за реконструкција на локални улици во истите општини.
Договорите опфаќаат реконструкција на 14 локални улици во општините како дел од проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта, што се реализира преку Министерството за транспорт и врски со вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

„Драго ми е што Министерството за транспорт и врски во континуитет ги поддржува општините. Преку реконструкција на улиците и урбаниот развој на општините уште еднаш излегуваме во пресрет на граѓаните и создаваме услови за подигнување на животниот стандард. Директно ги помагаме општините, ги подигнуваме капацитетите и сакам да истакнам дека поддршката продолжува и во следниот период. Преку овој проект исто така ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и го стимулираме локалниот економски развој. Гледаме партнер во сите општини, се со цел да ги подобриме условите за живот на граѓаните. Ова е проект кој го реализираме преку Министерството и сакам да појаснам дека ова се улици кои самите општини ги избираат, а ние само ги тендерираме и драго ми е што средствата ги алоцираме во вистинска насока, за граѓаните.“ – изјави министерот Бочварски.
Во рамките на овој проект, Министерството за транспорт и врски до сега реконструираше преку 180 улици во над 70 општини.
Според планираната динамика се очекува до месец јуни да се распишат јавни повици за реконструкција на уште 70 улици за кои општините веќе аплицираа во Министерството за транспорт и врски, стои во соопштението на Министерството за транспорт и врски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…