Владата следната недела ќе објави конкретни мерки за помош на граѓаните и стопанството

t

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук информираше дека Владата следната недела ќе ги објави конкретните мерки за помош на граѓаните и стопанството за справување со кризата.

– Справувањето со последиците од светската енергетска криза е најголем приоритет на државата. Денеска се одржа Економскиот совет во проширен состав на кој заедно со економскиот тим на Владата, стопанските комори, синдикатите, експертите и академската јавност имавме конструктивен разговор за надминување на предизвиците од кризата, опциите за справување со енергетската и економскатa криза и модалитетите за поддршка на граѓаните и стопанството.

Беа отворени сите теми од интерес за граѓаните и стопанството, а врзани со справување со економско-енергетската криза во која се наоѓа Македонија, но и Европа во целост. Воедно транспарентно беа споделени и сите податоци со кои располагаат институциите и стопанството сè со цел што посеопфатно справување со последиците од економската и енергетската криза.

Сите сме свесни за тоа како енергетската криза ќе се одрази врз целокупната економија на државата, врз стопанството и граѓаните. Наредната недела Владата ќе излезе со конкретни таргетирани мерки насочени кон најранливи категории граѓани и компаниите. Воедно ќе продолжи економскиот и социјален дијалог со синдикатите со цел сите заедно полесно да ја пребродиме кризата.

Во овие кризни времиња потребно е одговорно однесување кон енергенсите, но солидарност и поддршка за ранливите категории граѓани и компаниите, напиша Ковачевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…