Владата усвои измени на пет закони поврзани со изградба на Коридорите 8 и 10д

t

 Владата вчера усвои измени на пет закони поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д и ги достави до Собранието со европско знаменце. Целта, како што образложи, е да се овозможи усвојување на законските измени што се блокирани во Собранието, како и да се забрзат процедурите и да се намалат роковите заради ефикасност и економичност во изградбата.

Реакции за ставањето европско знаменце на законите упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека со тоа власта сака без дебата да ги донесе законите, а Делегацијата на Европската унија во државава се изјасни дека тоа не е согласно европските стандарди и најави дека ќе бара дополнително објаснување. Критики упатија и синдикатите, кои во измените со кои се дефинира прекувремената работа при ангажман во проектот гледаат воведување 72-часовна работна недела и експлоатација на работниците.

-Увидувајќи ја очигледната блокада и заложништво на законите од страна на опозицијата, имајќи ги предвид интересите на граѓаните за брза, поевтина и квалитетна изградба на автопатиштата, Владата на денешната седница усвои седум предлог закони кој што ќе ги достави до пратениците во Собранието. Со оглед на фактот што ЕУ го додаде на мапата на европските коридори, коридорот 8 и неговото геостратешко значење и заради дебатата која подолго време се води и во Собрание, во Влада и во јавноста, одлучивме законите да се предложат со европско знаме, рече вицепремиерот и координатор на  проектот Артан Груби на прес-конференцијата во Владата на која беа презентирани законските измени.

Тој апелираше до пратениците да се откажат од блокади и како што рече, да не ги поскапуваат автопатиштата со над 150 милиони евра пари на граѓаните и да не ги загрозуваат националните и стратешки проекти само заради дневна политичка агенда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…

Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…

Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…

Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…

Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…

Владата донесе Одлуката со која се менуваат…

Со 69 гласа изгласани се новите министри…

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…

Државите не ги менуваат своите судбини преку…