Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари
Владата ја ограничи цената на лебот на 33 денари, е одлучено на денешната владина седница.
-Јас неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволен период за цените да се усогласат бидејќи помошта од државата беше реална и навремена. Иако производителите на основните прехранбени производи добиваа субвенционирана електрична енергија, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Затоа Владата одлучи да ја укине мерката. Производителите на основните прехранбени производи ќе се снабдуваат со струја согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Владата ја замрзнува цената на белиот и полубелиот леб, сечен и на парчиња на 33 денари. Ова се однесува на леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со под 450 грама се утврдува во висина до 33 денари по леб која ќе биде во сооднос со тежината на лебот, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.
Ковачевски истакна дека оваа одлука ќе важи до 31 мај 2023 година.
-Антикризните мерки не ги донесовме за едни да бидат поповластени од други. Тие не беа донесени за да удрат по џебот на граѓаните, додаде меѓу другото премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…
Со 69 гласа изгласани се новите министри…
Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без…
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија,…
Државите не ги менуваат своите судбини преку…
Владата донесе одлука за престанок на мандатот…
На денешната седница, Владата ја разгледа и…