Владимир Путин ќе патува во Кина во мај
Владимир Путин ќе патува во Кина во мај, каде што ќе разговара со Шји Џинпинг, што ќе му биде прво патување во странство откако викендов доби нов шестгодишен претседателски мандат. Формалната инаугурација треба да се одржи околу 7 мај.
Западните влади вчера го оценија реизборот на Путин како недемократски и нефер, но Кина и Индија се меѓу земјите кои му честитаа на рускиот лидер.
„Путин ќе ја посети Кина“, изјави за „Ројтерс“ еден извор од руската влада кој побара да остане анонимен, што потоа било потврдено од четири други извори.
Тие велат дека патувањето на Путин веројатно ќе се случи во втората половина на мај, пред планираната посета на Шји на Европа.
„Во моментов се подготвуваат неколку претседателски посети и контакти на високо ниво. Ќе информираме за нив кога ќе дојде време“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Кина и Русија прогласија „партнерство без граници“ во февруари 2022 кога Путин го посети Пекинг неколку дена пред да испрати трупи во Украина, почнувајќи ја најголемата војна во Европа од Втората светска војна. Кина ги зајакна своите трговски и воени врски со Русија во изминатите години, а нивната трговска размена изнесувала 218,2 милиони долари во периодот јануари-ноември 2023.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната…
Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во…
Светот во шок – Зеленски нуди безусловен…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати една од…
Мицкоски на средба со претставници од американската…
Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со бизнис-претставници…
Премиерот Мицкоски оствари средба со висока делегација…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк оствари…
Хутите тргнаа кон стратешките височини – се…
Во Јемен се развива една од најважните…