“Водовод и канализација” демантира: Нема да се зголеми цената на водата во Скопје
ЈП Водовод и канализација Скопје ја демантира веста објавена во неколку медиуми за зголемување на цената на водата во Скопје.
„Имено во согласност со Законот за утврдување цени на водните услуги се доставува известување за зголемените трошоци на претпријатието по основ на електрична енергија и енергенси во форма на барање за утврдување на тарифите за водните услуги, барање кое е доставено во 2022 година. Околу евентуалната промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието, при што ЈП Водовод и канализација – Скопје ниту донело нови тарифи, ниту истото го има побарано од Советот на Град Скопје.
Уште еднаш да потенцираме дека ЈП Водовод и канализација – Скопје не побарало зголемување на цената на водата во Скопје, ниту е тоа во план на претпријатието во тековната година“, порачаа оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…
Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…
Напад во Шутка – вработен во „Водовод“…
Три лица со дрвени и железни палки,…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Кумановци добиле сметки од 20.000 денари за…
Енормно високи сметки за вода добиле граѓани…
Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…
Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…