Возач возел без лиценца за јавен превоз, без возачка дозвола и со истечен тахографски уред
Возач возел без лиценца за јавен превоз, без возачка дозвола и со истечен тахографски уред, информира МВР.
– Денеска (26.08.2024) околу 12.25 часот во с.Кучевиште, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(33) од с.Сингелиќ, скопско. При контролата било утврдено дека возилото не поседува лиценца за јавен превоз и дека му е истечена важноста на тахографскиот уред, додека пак возачот не поседувал возачка дозвола. На возачот му е издаден записник за констатиран прекршок по член .225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од Државниот инспекторат за транспорт дополнително ќе му биде изречена глоба за истечена важност на тахографскиот уред и непоседување лиценца. – стои во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…