Возач итно пренесен во болница откако со Рено излета од патот

t

Доцна синоќа возило излетало од пат во крушевско, информираат од МВР.

Немилиот настан се случил синоќа во 00.24 часот кога СВР Битола е пријавено дека на пат од с.Вашарејца и с.Бучин, во близина на крстосницата кај с.Свето Тодори, В.Б.(30) од с.Врбоец, крушевско, кој управувал патничко возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Б., констатирани Клиничката болница Битола.

За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рено оди на суд во Франција поради…

Во врска со скандалот со дизел-возилата, францускиот…

Уапсен e возачот по трагедијата во која…

Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…

(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…

Возачот кој утрово со својот автомобил слета…

Пронајден е возачот што удри две лица…

Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…