Возете внимателно! Намалена видливост поради магла на Стража

t

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража, соопштуваат од АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2025 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…

Британските пратеници го одбија предлогот за легализација…

Британските пратеници денеска го одбија предлогот за…

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста…

По повод Денот на Агенцијата за национална…

Мицкоски: Повикувам државната химна да се интонира…

Премиерот Христијан Мицкоски бара македонската химна да…

Шасивари: Во октомври средба со студентите за…

Правосудниот испит не е само прашање на…